Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека целосно го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ да истрае во неговата борба за зајакнување на Србија, бидејќи, како што наведува, сега несомнено е јасно дека литиумот е само изговор за напади однадвор кои имаат за цел да ја скрши Србија и нејзината независна политика.
Додик ова го изјави во изјава за Срна во врска со најавените протести против експлоатацијата на литиумот, организирани од опозицијата во Република Српска.
Додик вели дека оние кои се против овој проект не се борат за екологија, туку за политичка дестабилизација на Србија и се обидуваат да ги искористат економските прашања за да го нарушат српскиот суверенитет и да го забават развојот на Србија.