ВМРО-ДПМНЕ: СДС шуруваат со Арсовска, тие се виновни за хаосот во Скопје

Од:

СДС 1000 дена шуруваат со Арсовска, делат тендери и и гласаат завршни сметки, тие се виновни за хаосот во Скопје. 1000 дена, над 100тина милионски тендери поделија СДС и Арсовска, велат од ВМРо-ДПМНЕ.

„Над 27 милиони евра набавка на дизел гориво за ЈСП од Пуцко петрол без рабат ја круниса љубовта меѓу Арсовска и СДС. За да пројде овој тендер Арсовска за директор на ЈСП постави човек на СДС. Милиони од ЈСП завршија кај фирми блиски до СДС, истото е и со сите други јавни претпријатија, тендерите се мотивот за кој СДС и гласаат завршни сметки на Арсовска. СДС ја одржува Арсовска на функција, за да можат заедно да крадат. Народот го гледа тоа и ќе ги казни. За 400 дена од сега ќе можат да се дружат заедно во опозиција, а Скопје ќе оди напред, и ќе бидат надминати сите штети направени од СДС и Арсовска, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Горан Наумовски

Општина Гостивар и нуди помош на Арсовска за аплицирање за проекти за финасирање од Владата