Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Од:

Земјотрес со јачина 2,4 степени по Рихтер, е регистриран утрово во 3.24 часот, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 километри југоисточно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово