Пожарот на Галичица е активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето

Од:

Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината.

Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури.

Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон планината е оневозможен од чад.

Изминатите денови беше дејствувано и од воздух, со ангажирани воздухоплови. Хеликоптери и утрово го надлетува Охридското Езеро, но и гаснењето од воздух е отежнато бидејќи се работи на терен на голема надморска височина што дополнително го усложнува пристапот на воздухопловите.

На терен постојано се распоредени неколку десетина пожарникари, волонтери на Планинската служба за спасување, на Националниот парк „Галичица“, на Црвениот крст од Охрид.

Како и при неодамнешните пожари над селата Опеница и Косел, и овој пат изостанува поголема поддршка од локалното население во гаснењето, што е од исклучителна важност кога се работи за локализирање пламен во тешко пристапен терен.

Последната информација во врска со пожарот на Галичица е повикот што од синоќа се шири преку социјалните мрежи, за масовно активно вклучување на граѓаните во справување со непогода, преку дејствување што би го оневозможило ширењето на пламенот кон шумските појаси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гореше облакодер од 67 ката во Дубаи, речиси 4.000 луѓе беа евакуирани

А1он

Бројот на загинати се зголеми по експлозијата и пожарот во Чазма

Пожар на депонијата Вардариште остави без струја 47.000 корисници во Скопје

А1он

Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница

(ВИДЕО) Пожар во болница во Хамбург, тројца мртви, повеќе од 50 повредени

Пламна пожар во семејна куќа од Ниш, шестмина повредени меѓу нив и деца

Горан Наумовски