Две лица загинаа во судир на два француски воени авиони на истокот од земјата, едно лице преживеа, соопштија француските власти.
Францускиот претседател Емануел Макрон напиша на X дека загинаа двајца припадници на армијата, капетанот Себастиен Мабир и поручникот Матис Лоренс, пренесува Ројтерс.
Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну на X напиша дека третиот пилот преживеал.
Авионите биле дел од воената база Сен Дизие во североисточна Франција.