Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток

Од:

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток.

Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15.08.2024 година (четврток).

„Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници“, извести владината прес служба.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски