ДУИ: Охридскиот договор без буџет и во рацете на Иван Стоилковиќ

Од:

Демократската Унија за Интеграција смета дека одбележувањето на Охридскиот договор од страна на моноетничката влада, без легитимитет на албанскиот народ и другите заедници, беше засенето од фактот што го организира заветениот путинист, непризнавач на независноста на Република Косово и Охридскиот договор како Иван Стоилковиќ, како и со осакатениот буџет, велат од ДУИ.

– Единствени гости во моноетничката ”прослава” беа вазалите и приврзоци на ВМРО кои никогаш не биле ниту последната дупка во кавалот во однос на Охридскиот договор, и кои ги окупираа државните институции како губитници на изборите, без легитимитет на албанскиот гласач, но со претпочитање на ВМРО ДПМНЕ како во времето на Рахман Морина. Ова понижување на Албанците од страна на милениците на ВМРО достигна загрижувачки размери со тенденција да се поништи секој напредок во насока на еднаквостa. Правната платформа за легитимитет, подготвена како предлог од Пол Вилијамс и ПИЛПГ, го спречува вазалството и недостатокот на етнички легитимитет на институциите во согласност со духот на Охридскиот договор. Затоа, од септември ќе започнеме јавни консултации за платформата за легитимитет со академскиот свет, невладините организации, медиумите и граѓаните.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието