Италијанскиот тенисер Јаник Синер е поразен од Андреј Рубљев во четвртфиналето на Мастерсот во Монтреал.
Рубљев, кој изминативе неколку месеци игра во катастрофална форма, успеа да најде ритам и да го шокира тенисерот број еден на планетата.
Русинот победи по нешто помалку од два часа игра со 2-1 во сетови (6:3, 1:6, 6:2).
За 26-годишниот Русин ова беше трета победа во осум средби против Италијанецот, за кого ова беше само трет меч по Вимблдон и пропуштање на Олимпијадата.
Сега ќе има можност да му се реваншира на Матео Арналди за болниот пораз на Ролан Гарос во полуфиналето на Монтреал.
Поради големи доцнења поради дожд, се уште го немаме добиено второто полуфиналист. На спротивната страна од ждрепката во четвртфиналето ќе играат Корда и Зверев или Попирин и Хуркач.