Американскиот претседател Џо Бајден отворено објасни зошто одеднаш ја напуштил трката за Белата куќа.
– Голема чест е да се биде претседател, но јас имам обврска кон државата да ги направам најважните работи што можам. А тоа е дека мораме да го победиме (Доналд) Трамп – рече Бајден за време на интервјуто за Си-Би-Ес.
Бајден наведува дека е свесен дека е стар.
– Мислев дека сум претседател во транзиција кога првпат се кандидирав на избори. Не можам ни да кажам колку години имам. Тешко ми е тоа да го исфрлам од уста – рече Бајден.
Излегувањето на Бајден од трката дојде неколку недели по катастрофалната дебата меѓу поранешниот претседател Трамп и тој самиот, додека се поголем број демократски функционери бараа тој да се повлече. Бајден првично одби и рече дека само Господ ќе го отстрани од трката за Белата куќа.
Сепак, тој се согласи да се откаже од трката, но само откако демократските членови на Домот и Сенатот го повикаа да се откаже и откако главните донатори предупредија дека ќе ги задржат идните донации. Бајден веднаш ја поддржа кандидатурата на неговиот потпретседател Камала Харис, која брзо ја консолидираше поддршката меѓу партиските старешини.
Бајден, исто така, изјави за CBS дека стравува дека исходот од изборите може да доведе до насилство.
-Велат дека изборите ќе бидат украдени и ќе се пролее крв ако загубат… Погледнете што се обидуваат да направат сега во локалните изборни единици ставајќи луѓе во фотелјите во државите каде што ќе ги бројат гласовите. Не можете да ја сакате својата земја само кога ќе победите – рече Бајден.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.
Републиканската партија официјално го номинираше поранешниот претседател Доналд Трамп за кандидат за шеф на државата. За потпретседателски кандидат беше номиниран сенаторот од Охајо Џ.Д.Венс.
Демократскиот кандидат за потпретседател е гувернерот на Минесота, Тим Валц.