Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да сносат одговорност за скандалот со ИПА фондовите

Од:

Уште пред да поминат 100 дена, моноетничката и нелегитимна Влада го доби најтешкиот удар што го има Европската Унија, и тоа по вина на албанските партии кои во исто време ги демантираат своите проевропски заложби, велат од Алијанса за Албанците.

„Назначувањето на непрофесионален, несоодветен кадар, без потребните подготовки и без потребните сертификати, задолжена за ревизија за ИПА фондовите, ризикува земјата да загуби еден од најважните инструменти за спроведување и развој на реформите и европските стандарди.

Аматеризмот на партиите кои ги загубија изборите, немањето основни познавања во владеењето и особено во евроинтеграцискиот процес, ги прави овие партии најголем ризик за европската иднина на земјата. Не е доволно само разрешувањето на главната ревизорка, но за ова некој треба да сноси и одговорност. Главната одговорност за овој мега скандал сносат министрите Орхан Муртезани и Арбен Фетаи, едниот одговорен за евроинтеграции, а другиот за „добро владеење“.

Ваквите авантури, нивната желба за партизација и заробување на значајни институции од страна на партиски милитанти, непочитување на стандардите и законите, сериозно го нарушуваат имиџот на државата и евроинтегративниот процес, кој и така е нарушен и загрозен со други постапки на Владата кои се случија од првиот ден од нивното доаѓање. Повеќе од месец и половина од изборот на Владата, оваа коалиција и нанесе голема штета на државата за што ќе треба време да се санират. Ги повикуваме партиите што ги загубија изборите да си заминат пред да се направи повеќе штета и пред да биде доцна за се, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Лога: И по притисокот на Таравари и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“

Горан Наумовски

Алијанса на Албанците: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Горан Наумовски

Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на Алијанса за Албанците

Алијансата за Албанците предлага антикризни мерки во здравството