Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и на „Богородица“

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ информираат дека на граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини.

Од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На премините Табановце и Пелинце се чека до 45 минути

Горан Наумовски

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути

На „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата се чека 30 до 40 минути

ВИДЕО: Гужви на Табановце, се чека половина час според АМСМ

Катерина Ѓуровски

На премините Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Колони на Табановце и на Богородица, се чека и над еден час