Србија: Министерството за правда ги повика граѓаните да го зачуваат јавниот ред и мир

Од:

Министерството за правда упати апел до граѓаните кои се собираат во јавноста да го зачуваат јавниот ред и мир, почитувајќи ги Уставот и законите на Србија.

Соопштението на Министерството потсетува на неопходноста од почитување на Уставот, кој го гарантира правото на мирен собир на граѓаните, под услов да не се загрозени правата на другите луѓе или безбедноста на државата.

„Секое непочитување на Уставот и законот ќе се гони во согласност со законот. Надлежните органи на Србија ќе го зачуваат мирот и ќе ја гарантираат безбедноста на сите наши граѓани“, се заклучува во соопштението.

Претходно Министерството за внатрешни работи ги повика сите учесници на протестот, закажан за денеска во Белград, да се однесуваат согласно Уставот и законите на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“