Гаши како втор човек во државата има право да го прати неговото обезбедување на скопскиот аеродром велат од ВРЕДИ

Од:

Коалицијата „Вреди“ смета дека нема никаква одговорност кај спикерот Африм Гаши со тоа што испратил луѓе од неговото обезбедување да се информираат во случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на Скопскиот аеродром.

Како што изјави Фари Хисени, портпаролот на „Вреди“ на денешната прес – конференција, претседателот на Собранието во конкретниот случај немал цел да предизвика немири или да постапува противзаконски, туку, вели, на барање на претседателката на Косово бил пратен на аеродромот во Скопје, за да се информира што конкретно се случувало таму.

Според него, Гаши, како втор човек во државата по функција, има право да прати негово обезбедување кога е во прашање претседател на соседна држава, како што е Република Косово за да види што се случува.

-Мислам дека вториот човек на државата сепак го има и му припаѓа правото да го направи тоа. Праќањето на обезбедување за чисто информативно да се знае што се случува на аеродромот и мешање во ингеренциите на аеродромот не е исто. Не велам дека се меша во активностите. Пратен е човекот за да се информира што точно се случува на аеродромот, како втор човек на држава, вели портпаролот Хисени.

Министерството за внатрешни работи во однос на случајот, соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот. Одделот за внатрешна контрола на МВР, во врска со инцидентов, го суспендираше шефот на обезедувањето на Гаши, и отвори постапка против другите двајца телохранители.

Министерството за надворешни работи на Косово настанот на скопскиот аеродром го нарече „несоодветен и незаконски третман од страна на припадниците на аеродромското обезбедување“ кон Османи.

Групацијата ТАВ, пак, соопшти дека проверката на косовската претседателка била „во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство“.

За овој инцидент, и за уште неколку други причини, опозицијата побара смена на Гаши, а Левица поднесе интерпелација за неговата равота.

Прашан во однос на евроинтеграциите и последните случувања во Бугарија, Хисени кажа дека доколку имало функционална Влада во Бугарија земјава веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

-Како што сме кажале и досега, ние сме во постојана комуникација и координација со меѓународниот фактор. Овие се теми од пошироко значење и доколку во Бугарија имаше функционална влада веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Така што, имајќи ја предвид состојбата во Република Бугарија сметам дека има простор во координација со меѓународниот фактор да се пролонгира и рокот. Не можеме да обвинуваме за нешто кога втората страна која е важна за целиот процес нема стабилна влада или нема човек што може да одговори на конкретната влада, така што кон конкретниот случај не зависи од Македонија, туку зависи од политиките во соседна Бугарија, рече Хисени.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Промената дојде, се зајакнуваат врските на Северна Македонија со Косово

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Демант на лагите на Блерим Беџети и неговиот следбеник Весели

А1он

ВРЕДИ: Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија

ВРЕДИ: Ако Ахмети навистина сака предвремени парламентарни избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Левица: Гаши по стапките на Џафери, се попречува правото на пратенички прашања на Левица