Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој го планирал нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Станува збор за Беран А. Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.
Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција истражителите во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или вечерва или утре.
„Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и на крајот се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот“ рекоа истражителите.
Во куќата на 19-годишникот пронајдено е различно оружје – мачети, ножеви, потоа детонатори, кабли, 21 илјада фалсификувани евра…
Полициски кучиња го пребаруваат стадионот, но засега не нашле ништо.
„Кукавички план на терористите беше да убијат што повеќе луѓе надвор од стадионот“, рече истражителот Хајави Пирчнер.