Иринеј: СПЦ е против одржување на „Парада на гордоста“ во Белград

Од:

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека Српската православна црква е против одржувањето на „Парадата на гордоста“ во Белград, како и дека црквата и државата треба да направат нешто „за стимулирање на наталитетот, духовната и моралната обнова на српскиот народ“, објави српската државна телевизија РТС.

gej-paradadj

Иринеј за белградскиот „Неделник“ изјави дека на геј парадата гледа така „црно, што поцрно од тоа не може да биде“.

Српскиот патријарх се обрати со остар тон кон луѓето со различна сексуална ориентација во Србија, осудувајќи го обидот да биде организирана геј парада во Белград.

Запрашан што би им рекол на младите луѓе, што планираат парада низ белградските улици, Иринеј изјави дека „со тоа, од што паметниот се срами, глупавиот се гордее“.

Би можело да ве интересира

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија