ЛДП: Одговорност за скандалите во Зоолошката градина

Од:

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост за случувањата во скопската Зоолошка градина и бара одговорност во врска со последниот скандал на смртта на слоницата. Бидејќи не станува збор за прв случај, да потсетиме дека само пред некој месец угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, кланицата со расните коњи а прашање на време е кое животно ќе биде следно со оглед на третманот и условите кои ги добиваат животните од страна на директорот и менаџментот на Зоолошка градина под директно управување од градоначалничката Данела Арсовска и градот Скопје, велат од ЛДП.

„Оттука ЛДП бара итно расчистување на случајот и транспарентност од страна на надлежните органи во врска со овие инциденти се со цел да се гарантира безбедноста и благосостојбата на животните во Зоолошката градина, но и на посетителите кои го користат ова место за рекреација.

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара оставка од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поради нејзиното катастрофално менаџирање на градските институции и неспособност да се справи со проблемите на градот.

Според ЛДП, проблемите не се само во ЗОО Скопје. Скопјани сведочат на секојдневни проблеми со хигиената, парковите и нивното одржување, ЈСП се претвори во претпријатие без автобуси со зголемени долгови од месец во месец. Лошото управување на јавните претпријатија под нејзина надлежност се главни причини за ова барање. Скопје е град кој тоне во хаос, во ѓубре, каде владее негрижа и нечовечност и единствени виновни за оваа состојба се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски