Нови 30 дена притвор за новинарот Кежаровски

Од:

Новинарот Томислав Кежаровски доби нов притвор од 30 дена. По петти пат кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му го продолжува притворот, иако и Кежаровски и неговиот адвокт и семејството бараа да се брани од слобода.

Слобода за новинарот на Нова Македонија бараа и новинарските здружениа во земјава, Синдикатот на новинари и медиумски работници, но и новинарски здруженија од странство. Сите се противеа Кежаровски да биде во притвор за напишан текст.

Како залог, но и гаранција, Кежаровски на судот му го понуди недвижниот имот, но понудата беше одбиена со образложение дека вредноста на семејната куќа на новинарот е мала, но и со објаснување дека постои можност да избега.

Кежаровски беше уапсен во полициската акција „Ликвидација“, која освен новинар, како осмоничени за примање мито и менување на судскиот тек на случајот Ореше во велешкиот суд, беа притворени и обвинител и судија.

Сите обвинети дадоа искази дека не се виновни, а случајот според адвокатите и медиумската јавност е преседан во македонското правосудство.

Пуштање од притвор, и бранење од слобода за новинарот Кежаровски побара и преставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ. Преку писмо од Премиерот Груевски побара слобода за новинарот. Следуваше одговор од претседателот на Владата дека извршната власт нема ингеренции врз судската.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ