Галичник Филм Фестивал 2024: Прогласени победниците на петтото издание

Од:

Заврши петтото издание на Галичник Филм Фестивал, кој годинава привлече бројни филмски ентузијасти, режисери, актери и љубители на седмата уметност. Фестивалот се одржа во Галичник, нудејќи неповторливо искуство на проекции под отворено небо, дебати, работилници и дружења кои ја слават креативноста и филмот.

Жири комисијата во состав: Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов и Жан Дакар, едногласно ја донесоа одлуката. Еве ги наградените на Галичник Филм Фестивал 5:

Специјални Награди:

Најдобра актерска двојка: Ерик К. Булијана и Флоренс Блејн Мбаје за филмот „Правење бебиња“, во режија на Ерик К. Булијана од Канада.
Награда за млад актер: Гордон Рокс за улогата во филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединетите Американски Држави.
Главни Награди:

Награда за најдобра кинематографија: Себастијан Вебер за филмот „Нечуени работи“, во режија на Рамазан Килич од Турција.
Награда за најдобро сценарио: Рејчел Волден за филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединетите Американски Држави.
Награда за најдобра режија: Ерик К. Булијана за филмот „Правење бебиња“, од Канада.
Награда за најдобар актер: Ксавиер Ривард-Дези за филмот „Кралеви“, во режија на Оливие Коте од Канада.
Награда за најдобра актерка: Улијана Золкина за филмот „Лето со боровинки“, во режија на Маша Кондакова од Украина.
Награда од публика: Филмот „Врзете ги појасите“ во режија на Михаил Морсков и Виталиј Дудка од Русија.
Награда за најдобар анимиран филм: „Рак во базенот“, во режија на Александра Миот и Жан Себастиен Хамел од Канада.
Награда за најдобар документарен филм: „1001 ноќ“, во режија на Реа Рајчиќ од Хрватска.
Награда за најдобар игран филм: „Кратко патување“ на Ереник Беќири од Албанија.
Гран-при за Најдобар Филм на петтото издание на Галичник Филм Фестивал: „Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич од Турција.

Фестивалот ги прославува талентот и креативноста на учесниците, а сите присутни имаа можност да уживаат во филмови кои оставија траен впечаток. Со нетрпение го очекуваме следното издание на фестивалот и новите филмски приказни кои ќе ни ги донесат креативните умови од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром