Нова анкета: Харис има најголема предност пред Трамп од почетокот на кампањата

Од:

Потпретседателката и претседателски кандидат Камала Харис им даде на демократите најголемото водство пред поранешниот претседател Доналд Трамп според анкетата на Morning Consult, пишува Newsweek.

Најновата анкета на претседателските избори во ноември покажува дека Харис води пред Трамп со 48 отсто наспроти 44 отсто меѓу регистрираните гласачи на национално ниво. Morning Consult вели дека анкетата била спроведена помеѓу 2 и 4 август и се заснова на одговорите на 11.265 гласачи.

Morning Consult рече дека предноста на Харис од 4 поени е „рекордно висока разлика во нејзина корист“ и „најголема предност на демократски претседателски кандидат пред Трамп во речиси една година“.

Харис, претпоставениот демократски кандидат, исто така води пред Трамп со 5 поени меѓу независните гласачи (42 до 37 проценти) во анкетата во понеделникот и го победи поранешниот претседател за 9 поени кај младите гласачи на возраст меѓу 18 и 34 години. Анкетата има маргина на грешка од eден процентен поен.

Сепак, треба да се запомни дека американскиот претседател се избира од електорите во сојузните држави, а не од вкупниот збир на сите гласови во целата земја. Исто како и на изборите во 2016 и 2020 година, клучни ќе бидат федералните држави кои не се претежно демократски или републикански. Овде се издвојуваат Мичиген, Висконсин и Пенсилванија, а според анкетите во овие сојузни држави Харис и Трамп се речиси изедначени.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп