„Исчезнатиот двор“ – целодневна акција на Јадро

Од:

Јадро – асоцијација на независната културна сцена во соработка со Општина Центар, а со поддршка на Канцеларијата за врски на Гете-Институтот од Скопје, на 29-ти септември ја организира целодневната акција насловена „Исчезнатиот двор“.

„Исчезнатиот двор“ е настан кој има цел да понуди нови можни содржини во локалната заедница, да стимулира учество на граѓаните во „дизајнирањето” на нов квалитет на секојдневието преку размена на различни социо-културни потреби на животниот стил, кои се разликуваат од оние понудени од пост-транзициската наезда на владеење со општеството и со капиталот.

Сметаме дека е нужно да се поттикне креативно обмислување на јавниот простор и на заедницата со содржини, дебата и акција која ги развива културните потреби на граѓаните. Со тоа би сакале да влијаеме на локалните и централните политики коишто се однесуваат на алтернативниот третман на јавниот простор, бидејќи уметноста и културата се нашите алатки за урбанo ре-социјализирање и ре-дефинирање на градските јадра.

„Исчезнатиот двор“ е акција со која стремиме да поттикнеме социо-културна и едукативна одговорност во локалната заедница со цел да укажеме на можноста да се создаде градско креативно јадро, од еден мал дел во Oпштина Центар, кој во изминатите 22 години е целосно запуштен и испразнет од содржини. Избраната локација, во соработка со Општина Центар, по ништо особено специфична, ја користиме како пример за состојбите кои се насекаде видливи и можат лесно да се аплицираат и во други делови од градот. Овој настан сака да понуди алтернативни урбани стратегии за градење на интерактивна заедница помеѓу граѓаните, општината и независниот културен сектор. Заедница во која ќе се развиваат секојдневни културни потреби и во која одговорноаста на граѓаните кон содржините на просторот во кој живеат ќе станува сè пообврзна.

Токму затоа, од исклучително значење е соработката со Општина Центар, која, во нашето искуство, е суштински стратешка и ретка иницијатива за партнерство помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор, особено помеѓу јавниот и независниот културен сектор. Урбаната заедница „Дане Крапчев“, која е под ингеренции на Општина Центар, е простор кој Општината сака да го реанимира, а што е во дослух со нашата визија за отпочнување процес на создавање креативни урбани јадра, кои ќе покажат нова вредност во живеењето на граѓаните, но и во поддршката на иницијативите во продукција на независниот културен сектор.

„Исчезнатиот двор“ со своите активности ќе ја зголеми свеста за јавното и јавниот (заеднички) простор меѓу локалните и цeнтралните власти, професионалците и уште поважно, меѓу локалната заедница на граѓани кон неопходното креирање на алтернативи во урбаното живеење, претставувајќи нови уметнички проекти кои поттикнуваат учество, но и воедно внесувајќи веќе постоечки форми на социјализација преку заедничко читање, разговарање, игра и размена на содржини. За да го оствариме тоа, ќе ги користиме капацитетите на независниот културен сектор и преку креирање на алтернативи кон непостоечките културни, урбани и социјални политики на јавниот простор да инцира интер-секторска соработка меѓу уметниците, публиката, професионалците, локалните и централните власти и да понуди платформа за идно планирање и културни политики.

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ:

11:00 – 13:00 „МОЈОТ ГРАД“ Христина Иваноска, Јане Чаловски и Велимир Жерновски

11:00 – 14:00 „На ти го, дај ми го“ Турнир во серва со Никола Наумовски

11:00 – 19:00 „Ментална гимнастика“ играње шах на отворено

11:00 – 19:00 „Скопје, какво што е“ целодневен уметнички проект на Ивана Сиџимовска

11:00 – 22:00 Изложбна на Стрип центарот од Велес

12:00 – 13:00 „Интимни разговори“ мапирање и исцртување на потребите на граѓаните/соседите со Искра Гешоска и Владимир Лукаш

12:00 – 14:00 „Живи библиотеки, архивинаграѓанскатанепослушност” кураторски проект на Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова

14:00 – 18:00 „Камена супа“, колективно готвење предводено од Христина Иваноска

17:00 – 18:00 „Мапирање и исцртување на потребите на граѓаните/соседите“ со Искра Гешоска и Владимир Лукаш

18:00 – 19:00 „Скопје расте“, Презентација на Архитекти

19:00 – 20:00 „Урбан инкубатор: Белград“ – развој на градот низ културно-социјални активности, презентација на проектот Сава Мала од Белград

20:00 – 22:00 Програма со видео проекции

SKРетровизор “Одржувањето на СК2014” – Жарко Настовски (2013), 16’04’’, SKРетровизор “Парковите во Скопје” – Бојан Стојановски (2013), 18’36’’, SKРетровизор “Паркингот во Скопје” – Владо Апостолов (2013), 21’18’’, 103 – Љубовно писмо до алтернативната култура (2013), 55’ – Синиша Евтимов, Мирко Попов, Николина Кујача.

Програмски уредници: Искра Гешоска, Ивана Драгшиќ, Елена Вељановска

Креативен тим: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Јане Чаловски, Филип Јовановски

Продукција на настанот: ЈАДРО Асоцијација на независната културна сцена

Партнер: Општина Центар

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Хуманитарен концерт за Турција и Сирија во КСП Центар Јадро

Ана Ололовска

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска