Стојаноски: Пратениците на СДСМ поднесуваат комични амандмани, но не доаѓаат на седница да ги образложат

Од:

Поднесувате комични амандмани за проекти кои веќе се реализираат или кои немаат никаква врска со состојбата на терен, веројатно од незнаење или политикантство. Барем да дојдевте на седница, да го испочитувавте Собранието и да ги објасневте, им порача денеска пратеникот Бојан Стојаноски на колегите од СДСМ.

На амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, Стојаноски нагласи дека е парадоксално некој да поднесува амандман, а да не доаѓа на седница за да го образложи и одбрани.

-Тотално е несериозно опозициската партија последниот ден од расправата да лиферува информација дека мнозинството не прифатило ниту еден нејзин амандман, а притоа, тие што ги предложиле амандманите, не се појавуваат тука. Дополнително, во целата дискусија констатиравме дека се поднесуваат комични амандмани кои немаат врска со теренот, на пример, за болница што постои, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Собранието е сериозна институција, а членовите на Комисијата за финансирање се расположени да дебатираат за секој амандман.

-И да не дојдете до крајот на расправата, ако се обидете да избегнете, ние ќе ги читаме сите амандмани кои се комични, за да сфатат граѓаните со какви несериозни луѓе имаат работа. Барем бидете сериозни кога ќе поднесувате амандмани за Буџетот наредната година, потенцира Стојаноски.

Од почетокот на денешното петто продолжение на амандманската расправа, некои амандмани беа повлечени, а некои одбиени.

Согласно Деловникот, амандманската расправа, која денеска се одвива петти ден, треба да заврши за шест дена. За ребалансот беа поднесени 58 амандмани, но досега ниту еден не е прифатен.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување

А1он