СДСМ: ВМРО против ДПМНЕ, се избрукаа со пругата кон Бугарија и сега измислуваат приказни за СДСМ

Од:

Смешни се прес конференциите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ за пругата кон Бугарија, тема на која се избрукаа и покажаа дека се целосно неинформирани за тој проект. Прво добија жолт картон од ЕУ кои го финансираат, а потоа демонстрираа целосна некоординација во Владата.

Министерката за финансии пред некој ден вели дека парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, но ВМРО-ДПМНЕ вчера пак побара тие средства да одат за железницата кон Грција. Кој кого излизгува тука? Унгарскиот претставник во Владата на Македонија, Александар Николовски зборува дека ќе бара пренамена на средствата, колегата Муцунски му вели не може. Има ли капетан на бродот?
Откако сфатија дека не можат да ги пренаменат парите, а уште повеќе дека проектот е под целосен надзор и контрола на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ сака да прикаже некаков криминал и залудно потрошени пари. Им порачуваме слободно нека го истражат случајот наместо да праќаат јалови соопштенија и ќе треба да ја истражуваат ЕУ и нивните проекти тука.

ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека нема ниту криминал ниту залудно потрошени пари во тој проект. Маката нивна е што не може тие во таков проект да црпнат од медот, затоа што тие проекти се меѓународно надгледувани и тука простор за нивните рачиња нема.

Што се однесува до лагата наречена „пругата завршува во тунел“ и затоа не треба да се гради, тоа е само јалов обид да се прикаже проектот како лошо направен. Напротив, проектот оди во фази бидејќи се потпишани меморандуми за изградба до 2030 година со што ќе се проектира целата траса за спојување во Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува огромно непознавање, но и отстапување од стратешките интереси и насоки, што на среден и долг рок ќе донесе голема несигурност за граѓаните, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски