Тажен крај на петдневната потрага, 85-годишниот Томе е пронајден мртов

Од:

85-годишниот Томе Божиновски од Скопје по кој семејството трагаше пет дена е пронајден мртов. Томе, за кој семејството информираше дека боледува од деменција, исчезна од домот во Тафталиџе, а последен пат бил виден жив кај Соборниот храм.

Неговото семејство соопшти дека било пронајдено неговото безживотно тело.

„Драги соседи,пријатели,познаници огромна благодарност што изминатите 5дена бевте овде со нас, не бевме сами сите кој го баравме неуморно. Денес на 02.08.24 Нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски беше пронајдено неговото безживотно тело“, се вели во објавата од семејството.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва