Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Од:

Српскиот министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов на претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ, на организациите и здруженијата, како и на сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија им го честита празникот Илинден.

-Овој празник, кој е и национален празник на Северна Македонија, се слави на 2 август и има посебно значење во историјата на овој народ, бидејќи во ист ден се слават два големи настани – првиот, споменот на 2 август, 1903 година, кога во Крушево се подигна Илинденското востание против османлиската власт, во кое учествуваа 30.000 востаници, а вториот настан е споменот на 2 август 1944 година, кога во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштенеито на ова министерство.

Во времето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Македонците имаа статус на конститутивна нација. Статусот на национално малцинство во Република Србија го стекнаа со донесувањето на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од февруари 2002 година, и оттогаш забрзано ја развиваат својата малцинска институционална инфраструктура.

Во соопштението се наведува дека најголемиот број Македонци во Србија, а особено во Војводина, дошле по Втората светска војна од денешна Северна Македонија и од северна Грција, од каде што биле протерани за време на граѓанската војна. Тие ги остваруваат малцинските права загарантирани со Уставот на Србија и законите во областа на негувањето на културата, образованието, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо.

Според резултатите од Пописот во 2022 година, во Србија живеат 14.767 припадници на македонската национална заедница, што е за речиси осум илјади помалку од претходниот Попис од 2011 година, кога имало 22.755 македонци.

Тие припаѓаат на група територијално расфрлани национални заедници, а повеќето од нив живеат на територијата на градот Белград и во Јужен Банат – во градовите Пландиште, Јабука, Глогоњ, Качарево и во Панчево, каде што се наоѓаше седиштето на Македонскиот национален совет, кој неодамна беше преместен во Нови Сад.

-Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог со гордост истакнува дека Владата на Србија и покраинската влада се посветени на афирмирање на вредноста на мултикултурализмот, кој се заснова на поддршка за зачувување и развој на националната самосвест на сите заедници. Затоа, ќе продолжиме посветено да работиме за да ги обезбедиме сите неопходни предуслови – од имплементација на законите, преку материјални и финансиски ресурси до малцинските чувствителни политики – за Македонците во Република Србија успешно да продолжат да ги развиваат своите национални институции и животните перспективите на припадниците на својата заедница, се наведува во честитката до македонците во Србија на министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени