Младите во Македонија малку ги користат модерните средства за контрацепција

Од:

Во Република Македонија стапката на употреба на модерна контрацепција е најниска во регионот, но и во светот. Истражувањето за 2011 година на УНИЦЕФ покажува дека 8,2 отсто од девојките на возраст од 15 до 19 години користат некакво модерно контрацепциско средство, 8,3 отсто на возраст од 20 до 24 години и 11,4 отсто на возраст од 25 до 29 години користат некаква модерна контрацепција. Според резултатите од истражувањето, процентот на користење на пилули (орална хормонска контрацепција) изнесува 1,3 отсто.

Ова денеска беше истакнато на Младинската конференција „Како да им обезбедиме модерна контрацепција на младите во Македонија“ во организација на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражувања – ХЕРА, а по повод 26 септември – Меѓународниот ден на контрацепција. Од ХЕРА посочија дека податоците од истражувањето јасно укажуваат дека потребно е да се преземат конкретни мерки од страна на соодветните институции за да се реши тоа прашање, односно да се зголеми бројот на девојки и жени кои би употребувале модерна контрацепција.

Програмскиот координатор за млади во ХЕРА Даниел Калајџиевски рече дека потребата од зголемување на употребата на модерна контрацепција претставува само еден важен дел од сексуалното и репродуктивното здравје на младите.

– Целта на конференцијата е да ја актуелизираме важноста на прашањата поврзани со употребата на модерната контрацепција кај младите во Македонија, посочи Калајџиевски.

Тања Томиќ, пратеник во Собранието на РМ, рече дека треба да се овозможат услови секој, посебно младите да имаат пристап до контрацепција.

– Не мислам на пристап од типот да одиш во аптека и да купиш контрацептивно средство, туку мислам дека контрацептивните средства треба да бидат достапни со здравственото осигурување кое го добиваме како граѓани и да бидат ставени на позитивната листа на лекови, истакна Томиќ.

Нагласи дека има многу држави во Европа кои се пример за тоа како што се Холандија, Франција, Германија, Романија итн. Според неа, треба да се реши и едукацијата на младите за контрацепција.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

Зошто е важен првиот триместар од бременоста?

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска