Центарот за управување со кризи извести дека денес претпладне активни се шест пожари.
1. Општина ДЕМИР ХИСАР: врз пожарот на Илинска Планина дејствуваме со концетриран напад од 5 ер трактори (1 на ДЗС, 2 германски и 2 шведски). На тешко пристапниот терен на земја гаснат локални пожарникари со подршка на месно население.
2. Општина МАКЕДОНСКИ БРОД: с.Тажево – с.Брезница – крак кон Јасен. Овде го упативме тимот од Унгарија составен од 46 лица со специјални теренски возила и опрема а заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.
3. Општина ПРОБИШТИП 1: с.Зелениград – с.Јамиште. Денес овој пожар го гаснеме со концетриран напад со 8 хеликоптери. Четири од нив гаснат од рано наутро (1 полициски, 2 Армиски и 1 српски) а останатите 4 полетаа пред малку (2 унгарски, 1 словенечки и 1 чешки. На тешко пристапниот планински терен гаснат локални пожарникари со подршка на 30 припадници на Армијата.
4. Општина ПРОБИШТИП 2: Во атарот на с.Стрисовци на земја гаснат 35 припадници на Армијата, 10 локални пожарникари како и вработени од Рудник Булмак, ЈКП, ДЗС доброволци од месното население. Од воздух им помага 1 хеликоптер од Чешка.
5. Општина ПЛАСНИЦА: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод, гори трева, грмушки и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат локални пожарникари и тим од Национални Шуми.
6. Општина ПЕХЧЕВО: с.Негрево, (10 припадници на ДЗС и 15 припадници на Армијата работат на целосно догаснување на пожарот кој сеуште има внатрешно горење но од вчера е под целосна контрола.