ОЈО: Поведена истрага за убиство во Батинци, полицијата трага по двајцата осомничени

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело убиство како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

„Двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со странски регистарски таблички неовластено држеле три автоматски пушки чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Со возилото пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат. Едниот од оштетените го лишиле од живот, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале. Двајцата осомничени се во бегство и недостапни на органите на прогонот од моментот на сторување на делата. Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените која ќе започне да се применува од нивното пронаоѓање и лишување од слобода“.

Би можело да ве интересира

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он