Бакери: Иран размислува за метод на одмазда, Израел ќе зажали

Од:

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Мохамад Хосеин Бакери денеска изјави дека Израел ќе жали за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, наведувајќи дека се разгледува методот на одмазда.

„Начинот на кој Оската на отпорот и ние ќе бараме правда за мачеништвото на Ханије се разгледува. Мора да се преземат различни активности, а ционистите несомнено ќе зажалат за тоа. Тоа секако ќе се случи“, рече Бакери, по погребната церемонија организирана денеска за Ханије во Техеран, пренесува агенцијата Тасним.

Исмаил Ханије, шеф на политичкото биро на Хамас, кој отпатувал во Иран за да присуствува на церемонијата на инаугурација на претседателот Масуд Пезешкијан, беше убиен во неговата резиденција во Техеран во средата рано наутро, заедно со еден од неговите телохранители.

Пезешкијан и лидерот на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, исто така ветија одмазда, при што Хамнеи рече дека „криминалниот и терористички израелски режим“ ќе се соочи со „строга казна“ и укажа на должноста на Иран да се одмазди за крвта на лидерот на Хамас. јавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“