Откако од македонска страна поради пожарите беше побарана меѓународна помош обезбедена со ЕУ механизмот на цивилна заштита пристигнати се по еден хеликоптер од Србија и од Чешка.
Во текот на денешниот ден пристигнуваат хеликоптер од Словенија, два ер трактори од Шведска, исто толку од Германија и тим од Унгарија, 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.