Кинескиот производител Опо го претстави новиот смартфон Н1, со екран од 5,9 инчи, ротациона 13 мегапикселна камера, позадина чувствителна на допир и Андроид оперативен систем.
Камерата на телефонот се ротира за 206 степени и може да стои во која било позиција и да прави фотографии и видозаписи. Камерата е составена од шест леќи и доаѓа со два блица.
Задниот дел на телефонот е осетлив на допир и може да се користи за едноставно движење низ страниците на екранот и други команди без прикривање на екранот.
Опо Н1 има ИПС екран од 5,9 инчи и Фул ХД резолуција, четиријадрен процесор со 1,7 гигахерви, 2 гигабајти работна меморија и 16 и 32 ГБ меморија.