Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Мексико, објави мексиканската Национална сеизмолошка служба.
Епицентарот на потресот бил на 101 километар западно од градот Пуерто Мадеро во сојузната држава Чиапас, во близина на границата со Гватемала, на 10 километри под морското дно.
Нема информации за жртви и предизвикана материјална штета.