Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Од:

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез за време на протестите по претседателските избори на кои актуелниот шеф на државата Николас Мадуро прогласи победа. Како што објави Dailymail, Чавез беше претседател на Венецуела од 1999 до 2013 година, кога почина од рак.

Околу статуата се собра толпа, која набрзо беше соборена на општо задоволство на присутните. Демонстрантите тврдат дека имало сериозни нерегуларности на претседателските избори и дека Мадуро ги украл изборите. Во судирите што избувнаа за време на протестот загинаа три лица.

Националната изборна комисија, која е лојална на владејачката партија, ја потврди победата на Мадуро и неговиот трет шестгодишен мандат во земја чија економија е пред колапс и чии жители се очајни за промени.

На објавувањето на победата, Мадуро собра лојални соработници, меѓу кои и министрите за одбрана, комуникации и шефот на националното собрание.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Андоновски за обвинувањето од Венецуела: Авторитарен режим кој лиферува чинформации без докази

Катерина Ѓуровски