(ВИДЕО) Пукна брана во Русија, има мртви, повредени и исчезнати

Од:

Најмалку едно лице загина утринава кога привремена брана проби на Беломорско-балтичкиот канал во Карелија, северозападна Русија, соопшти регионалниот јавен комитет за активност и безбедност на населението, повикувајќи се на прелиминарни информации.

„Рано утринава пукна привремена песочна брана на 11-та брава на Беломорско-балтичкиот канал во Сегежа. Уништени се 13 куќи во населбите лоцирани во близина на 11-та брава. Едно лице загина, а девет се повредени. Седум лица се спасени меѓу кои три се деца“, се наведува во соопштението.

Четири лица се водат како исчезнати. Службите за итни случаи на терен обезбедуваат помош за ранливото население.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз