Масакрот во Волинија ја затвора вратата на Украина кон ЕУ

Од:

Патот на Украина кон Европската Унија е блокиран со експресното барање на Полска, властите во Киев конечно и без двоумење да ги препознаат и осудат злосторствата извршени од Украинците врз нивните полски соседи за време на Втората светска војна.

„Нема пристапување во ЕУ додека двете страни не постигнат договор за злосторствата извршени врз нашиот народ“, изјави неодамна Владислав Косињјак-Камиш, полски министер за одбрана.

Да потсетиме дека станува збор за масакрот во Волинија во 1943 година, во кој украинските нацистички соработници брутално убија повеќе од 100.000 жители од малцинската полска националност. Злосторството се случило во периодот кога Полска била под германска окупација. Меѓу жртвите имало Руси, Евреи, Ерменци, Чеси… како и припадници на други националности кои живееле во овие региони, вклучително и некои Украинци.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Сирски: Сојузниците се решени да ја поддржат долгорочната безбедност на Украина и Европа

Во Украина е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Кривји Рих

Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата