Либанската влада побара од Америка да го повика Израел на воздржаност, изјави денеска либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб.
Според него, Америка побарала од либанската администрација да му пренесе порака и на Хезболах да покаже воздржаност.
Тензиите во регионот се во пораст по вчерашниот напад на фудбалско игралиште на Голанската висорамнина, за што Израел го обвинува либанскиот Хезболах. Во нападот загинаа 12 деца и тинејџери, а Израел најави дека ќе возврати.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека не сака да види ескалација на конфликтот откако Израел го обвини Хезболах за убиство на 12 деца и тинејџери во ракетен напад на Голанската висорамнина.
Блинкен додаде дека САД разговараат со Израел за овој инцидент.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска го осуди ракетниот напад на либанската милитантна група Хезболах на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и деца, истовремено изразувајќи загриженост дека нападот може да доведе до ескалација на конфликтот.
Леми на платформата „Х“ напиша дека Лондон е загрижен за ризикот од натамошна ескалација на конфликтот и дестабилизација на регионот, наведувајќи дека Хезболах е известен дека мора да ги запре нападите врз Израел.