Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз. За прв пат во историјата, церемонијата на отворање се одржa на отворено, со рекорден број од 45.000 полицајци за да се осигура безбедноста на учесниците.
Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година, придружувајќи му се на Лондон како лидер, кој исто така беше домаќин на Игрите три пати, во 1908, 1948 и 2012 година.
Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра. На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тимот на бегалците.
Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат во екипните спортови.
Најбројни се Американците со 592 репрезентативци, потоа домаќинот Франција со 573, Австралијците со 460, Германците со 428, Јапонците со 403, Кина со 388, Шпанија со 383, Италија со 371, Велика Британија со 327. Единствениот спорт што „дебитира“ е брејкденсот.
Натпреварите траат до 11 август, а свеченото затворање ќе се одржи на стадионот „Франс“ во Сен Дени, предградие на Париз.