(ВИДЕО) Мециновиќ: Во оваа Влада се содржани сите расипани елементи од претходните влади

Од:

Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, на Седницата за избор на заменици министри, истакна дека во составот на актуелната Владата се содржани сите расипани елементи од претходните влади.

– Оваа Влада сега, дали ќе се врзе во континуитетот на продлабочување на мизеријата, допрва ќе видиме! Но, има индикации кои можат да ни посочат кој ќе биде резултатот. Тоа е дека во оваа Влада се претставници од сите претходни влади кои ги окарактеризиравте како влади кои донеле агонија за македонските граѓани!
Почнувајќи од владата на Заев, па преку владата на Груевски, од екипата на Црвенковски и на Георгиевски… Значи во оваа влада се содржани сите расипани елементи на претходните владеења! – кажа Мециновиќ.

– Од друга страна рековте дека ќе го поддржите и интегрирањето во ЕУ, но тоа што треба да се каже за граѓаните е дека ниедна влада не успеала да одговори на вистинските реформи кои треба да се спроведат во поглед на интеграцијата во ЕУ – појасни Мециновиќ во репликата на Собраниската седница.

– Во претходниот владин состав, само вие и ние не бевме во Влада со СДС и ДУИ. Сите ваши коалициони партнери во претходниот мандат беа во таа Влада, кои ги окарактеризиравте како ‘ДУИ и нивните полтрони’. Дали вие всушност го собравте остатокот од тие полтрони за повторно да владеете со нив – праша пратеникот од Левица.

Би можело да ве интересира

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

(ВИДЕО) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

(ВИДЕО) Исмаил: Предлог-буџетот предвидува нови две милијарди евра задолжување на државата

Левица: Згрозени сме од нечовечкиот повик на премиерот за веселба веднаш по солзите на мајките од Кочани

Катерина Ѓуровски