Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Од:

Седумдесет и три годишниот пчелар Г.П. од село Мокрино, Општина Ново Село, вчера предизвикал пожар откако му паднала направата за чадење на пчели во која имало жар.

Како што соопштија од СВР Струмица, пожарот бил локализиран, а при гаснењето пчеларот се здобил со изгореници.

Инаку, вчера во полицијата во 11:40 часот било пријавено дека во близина на манастир „Свети Ѓорги“ во близина на Ново Село, струмичко, избувнал пожар во кој била зафатена сува трева.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин