Запленет автомобилот на мајката на момчето убиец од „Рибникар“.

Од:

Извршителите го запленија автомобилот на Милјана Кецмановиќ, мајката на момчето кое лани го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, против која се водат пет тужби и една кривична постапка.

Нејзиниот автомобил е запленет за да се подмират трошоците на постапката за определување на привремена мерка од речиси 1,4 милиони динари, изјави за Танјуг претставничката на семејството Кецмановиќ, Марина Ивеља.

Адвокатот Огњен Божовиќ за Танјуг изјави дека Вишиот суд во Белград ги определил трошоците за постапката на привремена мерка и донел решение по неа, а бидејќи Миљана Кецмановиќ не ги платила тие трошоци, извршителите во постапката за наплата и го одзеле автомобилот.

На граѓанската постапка по тужбата на 27 членови на семејството на убиените и претходеше постапката за определување мерка за обезбедување на идното парично побарување, а на Кецмановиќ им беше забрането отуѓување и оптоварување на недвижен имот, меѓу кои и автомобил.

Со тоа решение таа се обврзува солидарно да им плати трошоци од речиси 1,4 милиони динари, а со оглед на тоа што не ги подмирила тие трошоци, автомобилот и бил одземен.

Против родителите на момчето се водат пет граѓански постапки по тужби од членови на семејствата на загинатите и ранетите и за надомест на нематеријална штета.

Против нив се водат и кривични постапки кои со судска одлука се затворени за јавноста за заштита на малолетни жртви.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Момчето убиец ја обвини мајка си за масакрот: „Таа ме тераше да бидам најдобар, се лутеше кога не бев“

Предраг Петровиќ

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Коста Кецмановиќ во суд: Детето убиец ќе сведочи во процесот против неговите родители

Катерина Ѓуровски

Момчето убиец детално раскажа како го планирал масакрот во Рибникар: Донел 92 куршуми за да ги употреби сите

Предраг Петровиќ