Во акцијата на Безбедносно-информативната агенција, ВБА, МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, разбиена е шпионска група која подолг период давала воени и други доверливи информации на странска држава од „Крушик“ во Ваљево.
Тројцата приведени инженери биле ангажирани во оваа незаконска акција со која е нанесена голема штета на државната и воената безбедност на Србија, пренесува Новости.