Перуанските власти почнаа операција на спасување на група рудари, кои останаа затрупани во јамите од рудниците за бакар, по силниот земјотрес што вчера го потресе крајбрежјето во Перу, предизвикувајќи неколку свлечишта, штети и веројатно загинати во тешкопристапнуте рурални региони.
Официјални претставници од јужната провинција Арекипа соопштија дека имаат информации за смртта на неколку лица по уривањата во импровизираните рудници за бакар, кои во повеќето случаи функционираат незаконски. Тие, сепак, прецизираа дека не можат со сигурност да потврдат дали има жртви.
Земјотрес со интензите од 7,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди јужниот дел на Перу, предизвикувајќи паника во неколку града, вклучувајќи ја и престолнината Лима.
Според Американскиот геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 72 километри јужно од градот Ломас во департманот Арекипа.