Грчката левичарска опозициска партија СИРИЗА ги осуди изјавите на турските претставници по повод 50-годишнината од турската инвазија и окупација на Кипар и ја повика грчката влада итно да реагира.
СИРИЗА во соопштението наведува дека ги осудува и неприфатливите изјави на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со кои уште еднаш се навредува споменот на жртвите од турската инвазија на Кипар, исчезнатите, приведените и десетици илјади бегалци.
„За жал, тоа уште еднаш докажува дека Турција не само што одбива да ги напушти своите нео-отомански наративи и конечно да го почитува меѓународното право, туку наместо тоа ги поздравува нејзините незаконски дејствија“, посочи СИРИЗА.