Девет државјани на Украина се повредени во сообраќајна несреќа во Полска

Од:

Девет државјани на Украина се повредени денеска во сообраќајна несреќа во Полска, а петмина од нив се во тешка состојба, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

Конзуларниот претставник на Министерството за надворешни работи на Украина, Викторија Шеа, изјави дека утринава околу четири часот во реонот на градот Свиецко во војводството Љубуш, минибус во кој се превезувале девет државјани на Украина се судрил со техничко возило, пренесува Интерфакс Украина.

По судирот, украинските државјани се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба.

Меѓу нив има четири деца на возраст од две, три, четири и 15 години, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Горан Наумовски

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Горан Наумовски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување