Расмусен: НАТО ќе остане во Косово се додека биде потребно

Од:

Меѓународните сили на НАТО ќе останат во Косово се додека тоа биде потребно и ќе помагаат во имплементацијата на Договорот меѓу Приштина и Белград, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.

Расмусен, кој присуствува на 68-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во изјава за „Гласот на Америка“ нагласи дека Мисијата на НАТО во Косово е „успешна приказна“ и дека „сите страни во регионот го сметаат КФОР за непристрасен гарант на мирот и безбедноста“.

– Почнавме пред многу години со 50.000 војници, а сега имаме само 5.000, што го отсликува значителното подобрување на безбедносната состојба… Нашето присуство ќе продлжи се додека тоа биде потребно, истакна Расмусен.

Тој нагласи дека НАТО ќе помага во имплементацијата на Договорот за уредување на меѓусебните односи, што Приштина и Белград го постигнаа пред неколку месеци во Брисел.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он