МВР: Уапсен е разбојник по извршување на кражба во Драчево

Од:

МВР извести дека полициски службеници од полициската станица во Драчево го уапсиле Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“.

Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи.

Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса