12 активни пожари, најкритичните пожари се гасат и од земја и од воздух

Од:

На територија на државата, според утринските информации на Центарот за управување со кризи, активни се 12 пожари.

Во изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворено од кои 23 се изгаснати.

Како што информира ЦУК, се уште активни се пожарите меѓу селата Драгоево и Селце и селата Пухче и Пиперово во општина Штип, пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец на штипското рамниште, а од неготинска страна е ставен под контрола, како и пожарот кај селото Бадилен во општина Ново Село.

Активни пожари има и меѓу селата Габровник и Мокрени и меѓу Јаболчишта и Дреново во општина Чашка, меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец во Росоман, кај селото Фалиш во општина Кавадарци, селото Небрегово во општина Долнени, кај Пашин мост во општина Велес, меѓу селата Подлец и Чичево во општина Градско, како и кај градската депонија во Делчево.

Најкритичните пожари се гасат и од земја и од воздух.

На Единствениот број за итни случаи 112, разлика од вчерашниот рекорден број 3.159, во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 2.978 повици.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија