Орбан: И Трамп и Фицо беа нападнати затоа што се противат на војната

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп и словачкиот премиер Роберт Фицо биле нападнати поради нивните „антивоени ставови“.

Фицо беше погоден со четири куршуми во обид за атентат во средината на март, додека Трамп беше полесно ранет во обид за атентат на 13 јули.

„Сите овие напади се насочени кон политичарите кои се против војната и се залагаат за мир“, изјави Орбан за државното радио Кошут.

„Провоените сили се толку возбудени, напнати, охрабрени и толку организирани што се обидуваат да ги отстранат од сцената, од центарот на политичкиот живот, оние сили кои се залагаат за мир“, додава Орбан. Тој претходно изјави дека Трамп го преживеал нападот затоа што „Бог има план за него“ да промовира мир.

Неговиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека Унгарија го гледа можниот втор мандат на Трамп како „шанса за мир“ во Украина. Орбан е во добри односи со Трамп од неговата победа на претседателските избори во САД во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски