Артан Хајризи, кој е осомничен за убиство на српски полицаец, негираше дека има врска со тој настан.
За порталот Дукаѓини тој рекол дека е во Германија и тврди дека му биле украдени документите.
„Јас сум во полиција во Хановер, Германија, ја известив дека ми е украден документот“, изјави Артан Хајризи за Дукаѓини.
Артан Хајризи, кој српските власти го бараат за убиство на српски полицаец, изјави дека кај него престојувал неговиот брат Фатон Хајризи и дека му ги зел документите.
„Ми ги зема документите затоа што ги оставив на масата во ходникот со клучевите, брат ми направи се“, рече тој.