Потрага во Србија: Артан Хајзири од Косово пукаше во двајца полицајци во Лозница

Од:

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека синоќа во Лозница е убиен еден полицаец, додека друг е тешко ранет.

„Синоќа околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возило на пункт во Липнички Шор, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле „мерцедес“ во кој имало две лица. При излегувањето од возилото, едно лице пукало од пиштол. Притоа полицаецот Никола Крсмановиќ (34) бил погоден во градите, а полицаецот Вјекослав Илиќ (50) во рамото, по што напаѓачот побегнал.

Двајцата полицајци биле пренесени во Општата болница Лозница, каде Крсмановиќ им подлегнал на повредите. На лице место полицијата го пронашла пасошот издаден на осомничениот во Косово на име Хајзири Артан (1991) и германска лична карта. Силни полициски сили интензивно трагаат по напаѓачот, полициски службеници од полициската управа Шабац, а на терен се и Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, подигнати се беспилотни летала и хеликоптери. Истрагата на вишиот јавен обвинител од Шабац и припадници на полицијата е во тек. Во име на МВР и од мое лично име упатувам најдлабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он