Кризниот штаб во Неготино бара поинтензивна поддршка од воздух за гаснење на пожарот на Серта

Од:

Кризниотштаб Неготино бара поинтензивна поддршка од воздух за гаснење на пожарот на Серта, информираа вечерва од Штабот.

– Имајќи предвид дека во текот на денешниот ден изостана најавената масовна поддршка од воздухоплови при гаснењето на пожарот на Серта од неготинска страна, Кризниот штаб на вечерашниот состанок заклучи да се апелира до надлежните институции утре да се обезбеди ветената поддршка. Ова од причина што денеска од воздух интервенираа 2 хеликоптери во краток временски интервал, недоволно за остварување на посакуваните ефекти, соопштија од Штабот.

Уште повеќе, нагласија, што станува збор за крајно непристапен терен каде не може да се интервенира со луѓе и механизација, туку може да се дејствува само од воздух.

– Кризниот штаб има разбирање за актуелната состојба со пожарите кои се присутни во цела Македонија, знае дека ситуацијата се менува од час во час и приоритетите се утврдуваат во зависност од проценките на стручни лица, но сепак апелира и очекува во текот на утрешниот ден присуство на авиони, ер трактори и хеликоптери во гаснењето на пожарот од неготинска страна, подвлекоа од Кризен штаб Неготино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско